Италијански слаткар создава минијатурни светови направени од десерти

Матео Стуки е слаткар од Монца, Италија, кој создава прекрасни светови користејќи само десерти и истите ги надополнува со интересни фигури.

„Изгледот на десертот е исто толку важен како и неговиот вкус“, вели Матео и ние би се согласиле со него.

Низ неговите десерти може да се сретнат мали градови, панорамско тркало и уште многу повеќе – неговата имагинација нема граници. Кај него до израз доаѓа неговото трпение, затоа што на секој дел посветува големо внимание. Но, неговите напори не остануваат незабележани. За само неколку месеци тој стигнал до околу 35.000 фанови и тој број постојано расте. Погледнете ја галеријата која ќе ви ги прикаже генијалните дела на овој неверојатен слаткар.

Италијански слаткар создава минијатурни светови направени од десерти

Италијански слаткар создава минијатурни светови направени од десерти

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар