Интересни постери со обележјата на светските метрополи

Сподели

Дизајнерот и уметник Јони Алтер ја направил оваа интересна серија од колоритни постери, насловена како „Shapes of Cities“. Секој постер претставува една светска метропола, а на него се прикажани сите знаменитости и облакодери кои го одбележуваат тој град.Во колекцијата се вклучени 14 градови, помеѓу кои се наоѓаат Њујорк, Шангај, Париз, Лондон, Сиднеј, Токио, Сан Франциско и уште неколку други. Покрај боите, Јони внимавал и на пропорциите на градбите кои ги прикажал на постерите, па лесно може да се направи споредба на висината на познатите места во градовите. Погледнете ги постерите и направете една куса и брза прошетка низ светот.

Реклама

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира