Интересни летни трендови за очила за сонце претставени преку цвеќиња

Вашите очила за сонце можат многу да кажат за вас и за вашиот карактер. Авијаторките се синоним за спортска класика, кружните рамки велат уметничка душа, а огромните пластични рамки велат дека малку прелудо сте се забавувале минатата ноќ. А како што сѐ повеќе навлегуваме во летото, нема подобар период за експериментирање со новите храбри трендови во светот на очилата за сонце.

0-interesni-letni-trendovi-za-ocila-za-sonce-pretstaveni-preku-cvekinja-kafepauza.mk_

Џастина Блекни е позната по „цртањето“ лица со помош на цветови. Овој пат таа одлучила да ги спои различните карактери со шест од најдобрите и најинтересните рамки за оваа сезона.

„Навистина уживав да градам лица околу очилата. Морав добро да размислам каков тип жена кој пар би го носела, како би се чувствувала таа и како би ја средила косата. Процесот многу наликуваше на вежба за креирање ликови за претстава или филм.“

1. Фестивалска девојка: Таа слуша инди музика, носи винтиџ кимона и e длабоко заљубена во смелите бои на кармини.

1-interesni-letni-trendovi-za-ocila-za-sonce-pretstaveni-preku-cvekinja-kafepauza.mk

2. Само храбро: Оваа жена секогаш има што да каже. Таа е интересна, динамична и секогаш го кажува она што го мисли.

2-interesni-letni-trendovi-za-ocila-za-sonce-pretstaveni-preku-cvekinja-kafepauza.mk

3. Префинета дама: Таа живее за модата, го користи зборот „божествено“ за да ја долови секоја нејзина страст и е секогаш подготвена за фотографирање.

3-interesni-letni-trendovi-za-ocila-za-sonce-pretstaveni-preku-cvekinja-kafepauza.mk

4. Бохо – шик: Заштитен знак на оваа девојка се долгите, лелеави макси фустани и кратките топови.

4-interesni-letni-trendovi-za-ocila-za-sonce-pretstaveni-preku-cvekinja-kafepauza.mk

5. Фламенко принцеза: Таа е џет сетер со одлично чувство за ритам и зборува на различни јазици со сите нејзини пријатели од различни делови на светот.

5-interesni-letni-trendovi-za-ocila-za-sonce-pretstaveni-preku-cvekinja-kafepauza.mk

6. Софистицирана дама: Таа елегантна, но ќе ја препознаете по силните и живи бои како и по многубројните парчиња накит што секогаш го носи.

6-interesni-letni-trendovi-za-ocila-za-sonce-pretstaveni-preku-cvekinja-kafepauza.mk

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар