Иновативни светлечки фотографии

Погледнете ги овие прекрасни светлечки фотографии направени од уметникот Метју Брајан Харт, кој ја користи светлината надвор од нејзината вообичаена намена. На овие фотографии, светлината е искористена на многу креативен начин со цел да се создаде една интересна целина.

Харт поставува сценарија од животот и потоа фотографира домашни, но и чудни ситуации за кои пак, најчесто употребува зелена, црвена и жолта светлина. За овие прецизно изработени фотографии користени се само извори на светлина и некои дополнителни елементи.

Фотографиите се работат во темна просторија. Цртежот се фотографира (креира) сè додека е отворена блендата. За изработка на една  фотографија потребни се од 6 до 17 минути, а за да се завршат некои  од нив, направени се стотина различни фотографски експозиции, од кои потоа се прави поврзување во една фотографија.

Мора да признаеме, ова е неверојатно дело кое буквално може да ви ја осветли собата :)Иновативни светлечки фотографииИновативни светлечки фотографииИновативни светлечки фотографииИновативни светлечки фотографииИновативни светлечки фотографииИновативни светлечки фотографииИновативни светлечки фотографииИновативни светлечки фотографииИновативни светлечки фотографииИновативни светлечки фотографии
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар