Иновативни дизајни за календари

Календарите се навистина неопходни за добра организација, а многу компании ги користат и како одличен рекламен материјал. Како по правило секогаш се изработуваат во добро познатата, здодевна форма, но како што покажуваат сликите постојат навистина интересни дизајни за календари. Уверете се и самите!Иновативни дизајни за календариОвој календар функционира на тој начин што врз основа на темпирање на времето на ширење мастилото се обележуваат деновите во месецот. Мастилото се апсорбира бавно во хартијата па на тој начин секојдневно се „печати“ нов ден во календарот. По еден дневно, броевите се исполнуваат со мастило сè до крајот на месецот, па така календарот укажува и на истекувањето на времето што го имаме, а не само на обележување на нов ден. Боите варираат во зависност од тоа за кој месец станува збор, од темно сина во декември, па сè до три нијанси на зелено во пролет. Иновативни дизајни за календариЧувајте си паричка при рака и изгребете го секој ден од календарот! Откријте нова шега, мудра мисла или интересна идеја под секој датум.Иновативни дизајни за календариОвој календар ќе ви помогне да се држите до старото добро правило „едно јаболко на ден, доктор надвор од дома“. Откако ќе го отстраните јаболкото на дното од цевката, останатите се спуштаат надолу и на тој начин се открива датумот.Иновативни дизајни за календариСпирална форма на календар којашто навистина добро изгледа, а и ќе ви биде интересна многу подолго отколку обичните календари. Деновите се обележани со посебна легенда за бои. Иновативни дизајни за календариЗаштитните кеси со меурчиња се навистина добра занимација, па зошто да не си го пружиме задоволството да „испукаме“ по некое секој ден?

Во продолжение следуваат уште неколку иновативни календари.Иновативни дизајни за календариИновативни дизајни за календариИновативни дизајни за календариИновативни дизајни за календариИновативни дизајни за календари


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар