Хомер Симпсон и Супер Марио во реалниот живот

Хомер Симпсон и Супер Марио во реалниот живот

Џекс Пиксело е илустратор кој симпатичните цртани ликови Хомер Симпсон, Супер Марио, Стиви Грифин и Џесика Ребит ги претворил во „вистински“ луѓе, со помош на Фотошоп. Цртаните ликови му се најголема инспирација, па затоа решил токму нив да ги обработува и да ги претвори од цртани во „живи“ ликови.

За да ги создаде овие мутирани дела, Пиксело се служел со цртите на лицето на познати актери и магично ги имплементирал во илустрациите. Така на пример, ќелавата глава на Хомер Симпсон во најголем дел е конструирана според главата на Џон Лок од ТВ серијата „Изгубени“.

Некои можеби ќе помислат дека Хомер на сликата изгледа постаро, но Пиксело објаснува дека тој имал триесетина години кога цртаната серија прв пат започнала да се емитува, а тоа е пред 20 години.

Џесика Ребит е познат лик од цртаниот филм Роџер Ребит, а Пиксело за обработката на нејзиното лице, се служел со цртите на лицето на Анџелина Џоли. Обидете се да препознаете чии црти се искористени за лицето на Стиви Грифин од цртаниот филм „Фамилијарно момче“ и несекојдневниот водоводџија Супер Марио.

Хомер Симпсон и Супер Марио во реалниот живот

Хомер Симпсон и Супер Марио во реалниот живот

Хомер Симпсон и Супер Марио во реалниот живот

Хомер Симпсон и Супер Марио во реалниот живот


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар