Хипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боите

Lucid Stead“ (Луцидно место) е архитектонска инсталација креирана од артистот Филип К. Смит III, кој за овој неверојатен проект избрал стара колиба лоцирана во пустинските предели на Џошуа Три во Калифорнија, која ја оживеал со огледала, ЛЕД светла и наменски креирана технологија за да ја истакне убавина на неверојатниот пејзаж околу неа.

Хипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боите

70 години старата колиба со искршени стакла е преобразена во воодушевувачка глетка од која ќе се запрашате дали она што го гледате е возможно да биде реално или пак можеби халуцинирате.

Хипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боите

Во проектот се имплементирани 4 идеи: светлина и сенки, рефлектирана светлина, проектирана светлина и менување.

Првиот дел се однесува на промена на изгледот на колибата во зависност од позицијата на сонцето во текот на денот и начинот на кој тоа влегува во интеракција со огледалата кои се дел од структурата. Рефлектираната светлина се однесува на одразот на пустината во огледалата кои претставуваат дел од фасадата на колибата. Проектираната светлина пак, се случува ноќе и доаѓа однатре, кога светлата кои се во внатрешноста почнуваат да ја откриваат структурата на колибата, додека силно обоените прозорци и врати постепено и скоро незабележливо ја менуваат бојата.

Хипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боите Хипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боите Хипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боите Хипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боите Хипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боите Хипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боите Хипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боите Хипонотизирачка колиба во пустина – дење рефлектира, ноќе свети и ги менува боите

Проектот има за цел да нè потсети дека понекогаш треба да го забавиме темпото. Ако појдете во пустината имате можност да го запазите тоа темпо на бавна промена, да запрете за момент и да бидете тивки за да можете вистински да видите и да слушнете.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар