Грациозна фотосесија направена целосно под вода

Поплава“ е воодушевувачка подводна серија фотографии на белгискиот фотограф Хари Феит. Тој направил неверојатна фотосесија со белгиската пејачка Тифен Бероу потоната во подводен свет. Овој алтернативен универзум на Феит претставува прекрасна симфонија од човечка фигура и други предмети кои изгледаат како да лебдат во воздухот, како софа, масичка, лустер и пијано.

Фотографиите од ова снимање се први во серијата подводни фотографии која Феит во иднината планира да ја дополни со голем број артисти.Грациозна фотосесија направена целосно под водаФотографиите имаат беспрекорен квалитет кој ги маскира сите пречки со кои Феит и неговиот тим се соочиле за време на снимањето, меѓу кои потонувањето на сите предмети и контролирањето на позицијата која тие ја имаат во водата. Но, и покрај сите потешкотии, сепак овој талентиран фотограф успеал да направи одлични фотографии и да ги сокрие сите знаци на трема кои се појавиле кај Бероу неколку мигови пред таа да влезе во базенот.Грациозна фотосесија направена целосно под вода Грациозна фотосесија направена целосно под вода Грациозна фотосесија направена целосно под вода Грациозна фотосесија направена целосно под вода



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар