Гламурозен престој за навивачите на СП во Катар 2022

Малата арапска држава Катар се соочи со многу критики откако беше избрана за да биде домаќин за Светското првенство во фудбал 2022 година. Не само што се појавија грижи за разладување на големите стадиони и гостите во текот на брутално жешките летни месеци, туку се постави и прашање каде ќе престојува големата навала од навивачи, со оглед на тоа што сите ќе планираат да останат во малиот главен град Доха.  Гламурозен престој за навивачите на СП во Катар 2022Но, една уникатна идеја е предложена како решение на овој проблем, а истата вклучува градење 5 различни хотели кои лебдат над вода, луксузна вила, па дури и воден парк. Предложен како заеднички проект на финската архитектонска фирма „Sigge“ и Глобалниот менаџмент за акомодација (GAM), финските дизајни се проектирани да засолнат 25.000 гости.Гламурозен престој за навивачите на СП во Катар 2022Овие ултрамодерни градби ќе бидат подалеку од копното, ќе имаат сопствен систем за отпадни води, одржлив генератор за струја и место за рециклирање.Гламурозен престој за навивачите на СП во Катар 2022Хотелите исто така ќе ги нудат сите можни удобности, приватни бродови, траекти и водни таски возила, за превезување на посетителите до и од крајбрежјето.Гламурозен престој за навивачите на СП во Катар 2022Објектите се планирани да бидат комплетирани за период од 7-8 години и, и покрај тоа што ќе чинат многу пари, аналитичарите веќе прогнозираат пораст на катарскиот бруто домашен производ, за периодот околу Светското првенство и по неговото завршување, поради новата катарска инфраструктура, која навистина воодушевува со својот модерен, футуристички изглед.Гламурозен престој за навивачите на СП во Катар 2022Воедно, Катар развива уникатно решение во борбата против горештината со која ќе се соочат фудбалерите за време на Светското првенство во 2022 година – вештачки облаци т.е. летечка чинија која би требало да ги прекрие стадионите и да ги разлади за 12 степени. Вештачките облаци ќе бидат полни со хелиум. Ќе се движат како што се движи сонцето, за трибините и терените во секој момент да бидат во сенка.Гламурозен престој за навивачите на СП во Катар 2022 Гламурозен престој за навивачите на СП во Катар 2022 Гламурозен престој за навивачите на СП во Катар 2022 Гламурозен престој за навивачите на СП во Катар 2022


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар