Герилска уметност

Автор: Петар Џајковски

Артистот Неко, изреволтиран од фактот дека насекаде околу него скоро и да нема слободна површина или елемент „без задна намера“ да рекламира нешто, се одлучил да го бојкотира целиот овој процес. Герилска уметност Ова се зборовите со кои тој објаснува од каде му се јавила идејата за бојкотирање и артистичкa окупација на светлечките билборди наменети за рекламни пораки:

„Телефонските говорници, автобуските постојки, трафиките, влезовите кон метрото, внатрешноста на нашите возови, ѕидовите на нашиот град, покривот на такси-возилата, нашите автобуси однатре и однадвор, сите тие носат приватни рекламни пораки упатени кон нас. Сите овие пораки го носат надворешното рекламирање кон затворена публика, креирајќи желба и потреба таму каде што претходно не постоела, за продукти кои едвај ни требаат…“

Герилска уметностГерилска уметностНеговата цел е да ги претвори рекламните билборди во светлечка улична уметност која ќе стои како еден вид споменик на отпор и непослушност кон ова општество на агресивен маркетинг. Истовремено сакал и да ги оживее улиците давајќи им смирувачки сјај како и чувство на пријатност и поттик за контемплација на сите кои ќе поминат покрај нив.Герилска уметностГерилска уметностПогледнете го и видеото кое ја претставува неговата мисија.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар