Фотографии од Сонцето кои ќе ве заслепат

Фотографот Алан Фридман открил начин како да го фотографира Сонцето така што да можеме да го набљудуваме директно во неговата заслепувачка светлина без да си ги повредиме очите. Преку ден работи како дизајнер на честитки, но овој фотограф ги поминува своите ноќи истражувајќи ја својата страст за астрономијата и набљудувајќи ги ѕвездите преку телескоп во неговиот двор.

Фотографии од Сонцето кои ќе ве заслепат

Тој ги прави овие фотографии од Сонцето така што употребува специјален филтер на предниот дел од мал телескоп во комбинација со веб-камера која ја поставува одзади. Така телескопот служи како моќна леќа со која камерата снима од 15 до 120 кадри во секунда.

Фридман вели, „Повеќето кадри се неупотребливи, изобличени од топлината која доаѓа од крововите и асфалтот. Но, мал дел од нив секогаш се добри. Јас го проверувам видеото кадар по кадар за да ги пронајдам овие моменти на ‘добар поглед’. Потоа овие кадри со висок квалитет се претвораат во сиров материјал за моите фотографии.“

Фотографии од Сонцето кои ќе ве заслепат

Тој комбинира илјадници кадри во една финална фотографија, каде што е елиминиран поголемиот дел од матниот ефект кој се појавува поради големата оддалеченост. Резултатите се овие незамисливо детални фотографии. Фридман го смета своето портфолио како „соларен дневник, портрети на моменти од животот на нашата локална ѕвезда“. Тој има посветено голем дел од неговото време за да ја документира оваа постојано променлива соларна атмосфера и да ја доведува светлината од Месечината, Сонцето, планетите и ѕвездите поблиску до Земјата за да можеме да ги истражуваме и ние со нашите очи.

Фотографии од Сонцето кои ќе ве заслепатФотографии од Сонцето кои ќе ве заслепатФотографии од Сонцето кои ќе ве заслепатФотографии од Сонцето кои ќе ве заслепатФотографии од Сонцето кои ќе ве заслепатФотографии од Сонцето кои ќе ве заслепатФотографии од Сонцето кои ќе ве заслепатФотографии од Сонцето кои ќе ве заслепатФотографии од Сонцето кои ќе ве заслепатФотографии од Сонцето кои ќе ве заслепатФотографии од Сонцето кои ќе ве заслепат


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар