Фотографии од модели под вода кои одземаат здив

Успешното фотографирање под вода најчесто се изведува со специјализирана опрема и посебни техники. Крајниот резултат се возбудливи и уникатни фотографии. При правењето фотосесија на модели под вода, се појавуваат разни компликации, кои не се карактеристични за фотографирањето на подводните животни.

Фотографии од модели под вода кои одземаат здив

Пред сѐ, потребно е моделот да знае добро да нурка. Исто така треба да знае и да ја употребува основната опрема за нуркање, бидејќи некогаш фотографирањето се изведува и на длабочина од четири метри, кога нема можност за излегување на површината за да се земе воздух.

Фотографии од модели под вода кои одземаат здив

За да остане на длабочина од четири метри, моделот мора да има на себе мал тег (со тежина од 1 до 2 кг) кој овозможува константност на нејзината/неговата позиција. Во ваква ситуација моделите честопати се нервозни поради длабочината и тегот кој го имаат на себе и тоа се изразува директно на фотографиите.

Фотографии од модели под вода кои одземаат здив

Најголемиот проблем се појавува за време на самото позирање. Моделите мораат да бидат целосно опуштени, најчесто со отворени очи и со насмевка на лицето. Исто така не смеат да испуштаат многу воздух одеднаш поради тоа што ќе се создадат балончиња. Што се однесува до околината, водата мора да биде провидна и чиста, бидејќи само на тој начин може да се создаде острина на фотографијата.

Фотографии од модели под вода кои одземаат здив

Постојат модели кои поголемиот дел од својата кариера го посветуваат токму на вакви фотографирања. Со малку тренинг, тие ги усовршуваат своите движења под вода и успеваат да создадат вистински уметнички дела.

Фотографии од модели под вода кои одземаат здивФотографии од модели под вода кои одземаат здивФотографии од модели под вода кои одземаат здивФотографии од модели под вода кои одземаат здивФотографии од модели под вода кои одземаат здивФотографии од модели под вода кои одземаат здивФотографии од модели под вода кои одземаат здивФотографии од модели под вода кои одземаат здивФотографии од модели под вода кои одземаат здивФотографии од модели под вода кои одземаат здивФотографии од модели под вода кои одземаат здив


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар