Фотограф од Јамајка прави неверојатни фотографии во кои може да се забележи невиноста на детството

Адријан Мекдоналд е фотограф за венчавки кој е навикнат да овековечува важни моменти во животот на паровите. Но, неодамна тој открил нова страст и интерес за фотографирање на прекрасната невиност на детството. На неговите фотографии можат да се забележат млади деца кои играат со своите играчки, им се радуваат на балони и едноставно го живеат својот безгрижен живот. Тој ги наоѓа своите субјекти блиску до местото каде што живее.

(1) Фотограф од Јамајка прави неверојатни фотографии во кои може да се забележи невиноста на детството

Пред 5 месеци, додека тој фотографирал растенија и животни надвор од својот дом, слушнал група деца кои играле во близина. Тој забележал дека тие изгледале како да живеат во свој свет, различен од овој во кој тој живее, смеејќи се од срце. Тогаш ја добил идејата за оваа серија фотографии, па побарал дозвола од родителите да ги фотографира нивните деца. Тој вели:

„Се надевам дека ќе ги стоплам срцата на сите оние кои ќе ги видат овие фотографии и ќе им покажам дека убавината сè уште постои во животот, дури и покрај тоа што некои едноставно одбираат да не ја гледаат. Децата живеат живот кој вреди и токму тоа треба да се стремиме сите ние да го правиме: да живееме, да љубиме и да се смееме.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар