Фотограф користи дронови за да направи планински ореоли и резултатот е неверојатен

Музичарот и фотограф Реубен Ву е познат по неговиот метод каде што користи дрон со светла со кој ги осветлува пејзажите. Со ова им дава неверојатен изглед на неговите фотографии. Овие фотографии се дел од неговиот проект Lux Noctis на кој работи уште од 2016-та година.

Фотограф користи дронови за да направи планински ореоли и резултатот е неверојатен

„Првиот дрон го добив во 2014-та година. Уште од детството сонував за летачка камера за да можам да ги гледам пејзажите од невозможни перспективи. Па, важен дел во моето фотографирање беше користењето на камера со далечински управувач. Почнав да правам фотографии и музички видеа со неа и експериментирав користејќи проектори за да направам вечерни графички дезени. Концептот Lux Noctis потекна од овие експерименти – го користам дронот како воздушен извор на светлина наместо камера.“

Фотограф користи дронови за да направи планински ореоли и резултатот е неверојатен

Реубен е фасциниран од пејзажите на планините и пустините бидејќи самотијата и богатото природно чудо што го нудат му даваат инспирација и можност да се фокусира на својата работа. Истражувањето на овие средини навечер претставува вистински предизвик.

Фотограф користи дронови за да направи планински ореоли и резултатот е неверојатен

„Фотографиите се направени со долга експозиција и потребно е добро да се осмислат и наместат. Според мене вистински занает е да се создадат ноќни фотографии, а користењето воздушни светилки со далечински управувач е само дел од тоа.“

Фотограф користи дронови за да направи планински ореоли и резултатот е неверојатен

Во текот на проектот тој користел разни камери, но последната е Fujifilm GFX50S, а дронот е модифициран модел на DJI Phantom.

Фотограф користи дронови за да направи планински ореоли и резултатот е неверојатен

Локациите што ги фотографира бараат добра подготвеност од страна на Реубен.

Фотограф користи дронови за да направи планински ореоли и резултатот е неверојатен

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар