Фотограф 4 години собирал ѓубре за да ги направи овие моќни фотографии

Во 2011, фотографот Антоан Репесе прекинал да го фрла своето ѓубре бидејќи сакал да докаже нешто. 4 години подоцна, тој почнал серија фотографии што ја нарекол „#365 неотпакувано“. Оваа серија фотографии навистина ќе не натера да размислиме за нашата улога на потрошувач.

(1)fotograf-4-godini-sobiral-gjubre-za-da-gi-napravi-ovie-mokjni-fotografii-kafepauza.mk

За време на овој 4-годишен период, фотографот собрал повеќе од 70 метри кубни ѓубре. Тој собрал 1.600 кутии од млеко, 4.800 ролни тоалетна хартија и 800 килограми весници, а потоа целото ѓубре го поделил за уште посилен визуелен „удар“.

„Сакав да ѝ дадам естетска димензија на мојата работа. Селектирањето на ѓубрето додава графички ефект. Се обидов да создадам совршена фотографија која предизвикува нешто вознемирувачко.“

(3)fotograf-4-godini-sobiral-gjubre-za-da-gi-napravi-ovie-mokjni-fotografii-kafepauza.mk

Со неговата серија фотографии, Антоан го прикажува проблемот со справување со ѓубрето и глобалното затоплување, кои веќе очигледно се секојдневни проблеми во нашиот живот.

„Многу често ни кажуваат за количината ѓубре која ја правиме, но мислам дека фотографијата може да има поголемо влијание од зборови. Се надевам дека мојот проект ќе инспирира некаква промена.“

(2)fotograf-4-godini-sobiral-gjubre-za-da-gi-napravi-ovie-mokjni-fotografii-kafepauza.mk

(4)fotograf-4-godini-sobiral-gjubre-za-da-gi-napravi-ovie-mokjni-fotografii-kafepauza.mk

(5)fotograf-4-godini-sobiral-gjubre-za-da-gi-napravi-ovie-mokjni-fotografii-kafepauza.mk

(6)fotograf-4-godini-sobiral-gjubre-za-da-gi-napravi-ovie-mokjni-fotografii-kafepauza.mk

(7)fotograf-4-godini-sobiral-gjubre-za-da-gi-napravi-ovie-mokjni-fotografii-kafepauza.mk

(8)fotograf-4-godini-sobiral-gjubre-za-da-gi-napravi-ovie-mokjni-fotografii-kafepauza.mk

Погледнете и како да ги рециклирате пластичните шишиња и да ги употребите за нешто корисно и креативно.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар