Фото студио за слатки, поспани ангелчиња

Фото студио за слатки, поспани ангелчиња

Малите, нежни бебенца изгледа се непресушна инспирација за современите фотографи. Тоа воопшто не нè изненадува бидејќи пред објективот, фотографите ги имаат најсовршените фотомодели на светот, кои креативно ги инспирираат да направат слатки фотографии, особено додека овие ангелчиња спијат.

Фото студио за слатки, поспани ангелчиња

Прекрасно: бебенце старо 4 седмици, се одмора на розово ќебенце

Овие бебиња се многу малечки. Некои од нив се само пред неколку дена дојдени на овој свет. Направени се од фотографките Ивон Ват и Фиона Потер во нивното бебешко фотостудио „Fusion Baby Photography“ лоцирано во Глазгов, Шкотска. Овие партнерки бараат од нивните клиенти да ги донесат бебињата на фотографирање уште додека се само 4-10 дена стари, за да можат да ги уловат чекор по чекор, најраните фази од нивниот живот, кога тие постојано се поспани и мирни. Колку повеќе денови поминуваат, толку фотосесијата е потешко изводлива.

Фото студио за слатки, поспани ангелчиња

Замислено: ова девојченце кое е старо само 14 дена, изгледа како да има многу теми за размислување

Ивон и Фиона на нивниот сајт, ја опишуваат нивната работа:

„Ако му го наполните мешето на вашето бебе и му ставите чиста пелена пред да излезете од дома, најверојатно тоа ќе биде многу спокојно и заспано кога ќе пристигнете во нашето студио. Фотосесиите се прават во многу релаксирачка атмосфера и одземаат време онолку колку што е потребно, понекогаш и по 3 часа, бидејќи бебето треба добро да се намести за фотографирање, а се прават и паузи за цицање и за да му се смени пелена.“

Фото студио за слатки, поспани ангелчиња

Спокојно: оваа кралица на самовилите спие со нејзиниот венец на глава; родена е пред две седмици

Ако родителите сакаат да учествуваат во местењето на нивното бебе за фотографирање, тоа им е дозволено, а притоа можат да испијат колку кафе им душа сака. Бебето брзо заспива, бидејќи фотографите прават да им биде најудобно што е можно, користејќи меки ќебенца, направени од природни влакна.

Фото студио за слатки, поспани ангелчиња

Удобно: 14-дневно женско бебенце, дреме во малечко цветно гнездо

Ако пак родителите решат да ја направат фотосесијата кога бебето ќе им биде неколку месеци старо, најубаво е да го донесат во студиото кога тоа ќе може само да седи, без помош. Фотографите објаснуваат дека тоа е одлична фаза од нивниот живот, кога тие постојано се насмеани, а рачињата и нозете им стануваат бумбарести. Во оваа фаза не можат да се направат поспани фотографии, но тие се желни да пробуваат и да смислуваат нови начини за да ги направат забавни.

Фото студио за слатки, поспани ангелчиња

Занесено: женско бебенце со удобно капче, спие во мала крошна

Фотографките имаат вкупно пет деца и поради тоа го разбираат големото значење на овековечување на најраните мигови од нивниот живот, пред да биде предоцна.

Г-ца Ват вели:

„Честопати во животот на луѓето им се случуваат толку многу работи истовремено, што тие може да не го забележат значењето на тоа да направат нешто специјално, со кое ќе го овековечат овој краток период од животот на нивните бебиња. Јас не го направив ова за моите деца, но сега бар можам на други родители да им овозможам да го сторат тоа.“

Фото студио за слатки, поспани ангелчиња

Женско бебенце успева да склопи око во голема саксија, под расцветано дрво

Фото студио за слатки, поспани ангелчиња

„Од кај ми е капчето? Чекај да размислам… ZzzZZzzz“

Фото студио за слатки, поспани ангелчиња

„Конечно мир. Одеднаш сите се стишеа.“

Ако сте љубители на мали човечиња, погледнете ги преслатките поспани бебиња и проверете што се случува додека едно бебе спие.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар