Фантастични десерти кои потсетуваат на архитектонски дела

Што ќе се случи кога архитектот ќе одлучи да ја промени својата професија, односно да заплива во немирните води на слаткарството? Ние не знаеме, но 27-годишната Динара Каско знае. Украинската слаткарка од Харков е господарка во комбинирањето на слатки со геометриски фигури и архитектонски проекти. Од моментот кога таа се впуштила во слаткарските води, одлучила на овој занает да му даде нешто ново и досега невидено. Сфатила дека изгледот е подеднакво важен како и вкусот, па секој ден за неа претставува нова прилика за експеримент, бидејќи слатките и станале најголем интерес и страст.

cats

Со искуството во архитектонски дизајн, Динара предизвикала голем интерес во слаткарската заедница поради своите неверојатно уникатни и иновативни геометриски торти, за кои користи силиконски калапи кои самата ги дизајнирала и креирала. Таа кон десертите се однесува како тие да се згради, па така создава уникатни структури кои се јадат со тешко срце.

„Имам многу нереализирани идеи и голема желба да експериментирам. Не сакам да ги имитирам другите – сакам да создадам нешто ново“ – изјавила Каско за So Good Magazine.

Нас нè интересира само едно – како воопшто некогаш би можеле да го загриземе ова слатко ремек-дело?

1-fantastichni-deserti-koi-potsetuvaat-na-arhitektonski-dela-www.kafepauza.mk_2-fantastichni-deserti-koi-potsetuvaat-na-arhitektonski-dela-www.kafepauza.mk_3-fantastichni-deserti-koi-potsetuvaat-na-arhitektonski-dela-www.kafepauza.mk_

На следната страна ќе можете да ги погледнете останатите слатки ремек-дела…

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар