Фантастични црно-бели графити

Уличниот уметник, карикатурист и стрип креатор Phlegm е познат по неговите препознатливи илустрации во црно-бел стил.  Живее во Шефилд, Велика Британија, а неговите графити најчесто се распослани на огромни ѕидови, заземајќи ја целосно нивната површина. Тој го издава и неговиот авторски стрип „Phlegm Comic“.Фантастични црно-бели графитиОвој артист вели дека се чувствувал малку разочаран откако се вовлекол во уметничката машинерија, работејќи за други лица и учествувајќи на разни изложби низ галериите во Англија. Сега, откако се вратил на правиот пат, работејќи според полисата „сè од мојата сопствена рака“, тој е посветен на сликањето ѕидови, продавајќи ги неговите уметнички дела во мали компактни изданија достапни за секого.Фантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графити.

Во последниве три години бев многу збунет за уметноста. Навлегов во сето ова со љубов кон само-издаваштвото и „DIY“ (Do It Yourself – направи сам) културата. Откако го напуштив универзитетот имав многу, многу прашања во врска со вредноста, статусот и сопственоста. Само-издаваштвото и сликањето по нељубените ѕидови и згради, ги заобиколија сите грижи и ме ослободија за да можам да уживам во работата.

Фантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графитиФантастични црно-бели графити

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар