Факултет кој ќе ви ги направи студентските денови незаборавни

„Виновник“ за неверојатниот дизајн на факултетот за архитектура „Umeå School of Architecture“ е шведската компанија Henning Larsen Architects. Тој е лоциран во градот Умео во Шведска, на уникатно и совршено место – покрај реката Умео.

Факултет во кој учењето претставува задоволствоФасадата на зградата има коцкест облик и на неа ритмично се распределени квадратни прозорци со различна големина. Уметничкиот шмек кој го создава ентериерот, пространиот дизајн и неформалните простории за состаноци, создаваат една поинаква, отворена лабораториска атмосфера, која е во согласност со идејата за развој, креативна работа и иновативност.

Факултет во кој учењето претставува задоволствоФакултет во кој учењето претставува задоволствоФакултет во кој учењето претставува задоволствоКако центар за развој на футуристичкиот стил во архитектурата, главната цел на оваа градба е да преставува инспирација и мотивација за студентите. Идејата била да се создаде светла и пријатна околина за учење, во која сите професори и студенти ќе бидат во една иста просторија, поделена на повеќе нивоа, а наместо ѕидови во просториите за предавање има стакла, кои даваат одличен визуелен ефект и овозможуваат фантастичен поглед кон реката.

Факултет во кој учењето претставува задоволствоФакултет во кој учењето претставува задоволствоФакултет во кој учењето претставува задоволствоФакултет во кој учењето претставува задоволствоФакултет во кој учењето претставува задоволствоФакултет во кој учењето претставува задоволствоПет-годишната студиска програма започнала есента во 2009-та година, по чие завршување студентите се стекнуваат со звањето дипломирани архитекти. Од оваа есен 2010-та, тие имаат можност да запишат и мастер студии.

Факултет во кој учењето претставува задоволствоФакултет во кој учењето претставува задоволствоФакултет во кој учењето претставува задоволствоФакултет во кој учењето претставува задоволствоФакултетот за архитектура е дел од универзитетскиот комплекс, кој содржи и академија на уметности, музеј на уметноста, исто така дизајнирани од  Henning Larsen Architects.

За оние помладите, на кои сé уште им е рано за студирање, можеби ќе сакаат да го погледнат фантастичното училиште во Мелбурн.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. D Reply

    cool

  2. ccccc Reply

    I don’t get it… mnogu bezlicno nekako, malku boja i kreativnost nemase da preci:))

  3. aaaaa Reply

    mnogu monotono, fintata e demek da gi zabelezime brojnite prozori?

  4. mimi Reply

    fintata e vo toa sto ste mnogu glupi i ne ja sfakjate poentata..toa moze da go sfati samo arhitekt…

  5. Angelce Reply

    mozele da stavat nekoi sliki… :) inaku gradbata e interesna…

  6. Игор Reply

    Убаво ама не за факултет, повеќе ми е за деловен простор! Лично ми е премногу стерилно, не би можел да бидам креативен во ваква атмосфера…

  7. sTramota Reply

    sto moze da svati arhitekt???demek nie drugite ne mozeme da razlikuvame grda kocka so prozorci i klaustrofobichen enterier od vistinska kreativnost??

  8. Goran Reply

    @mimi
    Hahahaaha

  9. BUBAMARA Reply

    se soglasuvam so Igor, poveke e kompetentno za deloven prostor! :)

Остави коментар