Есенски пејзажи направени од ѓубре

Секојдневно можеме да наидеме на нови генијални идеи кои успеваат да го измамат човековото око. Том Дејнингер е артист кој живее и работи во Род Ајленд. Тој е авторот на овие неверојатни инсталации, кои доколку се погледнат однапред, даваат слика на неверојатен пејзаж. Она што личи на гранки, дрвја, листови, всушност се кабли, жици и други алтернативни материјали.

Есенски пејзажи направени од ѓубре

И покрај големината на овие инсталации, тие сепак можат да го измамат дури и најостроумното око. Тоа е така сè додека не им се доближите. Тогаш ќе забележите дека во корењата на дрвјата има дури и детски играчки. Дејнингер е мајстор за претворање на најобичното ѓубре во фантастична уметност.

Есенски пејзажи направени од ѓубреЕсенски пејзажи направени од ѓубреЕсенски пејзажи направени од ѓубреЕсенски пејзажи направени од ѓубреЕсенски пејзажи направени од ѓубреЕсенски пејзажи направени од ѓубреЕсенски пејзажи направени од ѓубре

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар