Емотивни портрети на напуштени кучиња

„Мило ми е што ве сретнав“ е уште една емотивна фотосерија со напуштени кучиња, дело на британскиот уметник, Martin Usborne. Фотографирајќи ги низ чад, вода и други материјали, тој се обидува да ни ја долови нивната тага, немоќ, збунетост, надеж, агресија… и сè она што е последица на еден осамен начин на живот. (1) Емотивни портрети на напуштени кучиња

При објаснувањето на серијата фотографии, Мартин се присетува на денот, „виновен“ за ова негово последно дело.

„Се сеќавам на средбата со еден странец. Тоа беше убав сончев ден, а јас страдав од депресија“ – раскажува тој…

„Мило ми е што те сретнав, како си?“ – го запрашал странецот.

„Добро сум“ – му одговорил Мартин, додека во себе како што вели, му доаѓало силно да вресне.

(2) Емотивни портрети на напуштени кучиња Оваа куса комуникација со странецот го натерала на свој начин да одговори што се случува со нас, во тешките емотивни денови кои ги потиснуваме длабоко во себе. За да ги сокриеме тагата, болката или немирот што го чувствуваме, експресно демонстрираме учтивост, ароганција, незаинтересираност…

Овие емоции, кои ги делиме со животните, се обидел да ги објасни токму преку нив (сите се кучиња-скитници, со исклучок на претпоследната фотографија на која е прикажан волк).(3) Емотивни портрети на напуштени кучиња (4) Емотивни портрети на напуштени кучиња (5) Емотивни портрети на напуштени кучиња (6) Емотивни портрети на напуштени кучиња (7) Емотивни портрети на напуштени кучиња (8) Емотивни портрети на напуштени кучиња (9) Емотивни портрети на напуштени кучиња


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар