Емоциите во цртежите на Ване Костуранов

Емоциите во цртежите на Ване Костуранов

Ване Костуранов е уметник од Струмица, кој последниве години се занимава со техниката акрил на платно. Неговите цртежи се полни со емоции, доловуваат многу, но и многу нешта чуваат затскриено во некоја длабока приказна поврзана со нив.

Особено е моќна неговата последна серија цртежи на која сè уште работи, насловена „Небо во лицата“, која досега брои седумдесетина слики. Дел од овие слики беа изложени во Охрид и Штип, а тој се надева дека наскоро ќе има можност да ги изложи и во Скопје.

Емоциите во цртежите на Ване Костуранов

Го прашавме Ване кои се луѓето на неговите слики, на што ни одговори:

И јас самиот често си го поставувам тоа прашање. Претпоставувам дека несвесно ја ‘ловам’ емотивната состојба на луѓе кои најчесто не ги ни познавам, обични луѓе со кои секојдневно се разминуваме одејќи по напуканите асфалти.“

Емоциите во цртежите на Ване КостурановЕмоциите во цртежите на Ване Костуранов

„Мислам дека е многу тешко да се опише било чија уметност, а најтешко сопствената. Уметноста треба да се доживее. Секој на свој начин. Впрочем, во тоа е и убавината.“ – констатира Ване во обид да ја опишe својата уметност на наше барање.

Она што ние би го кажале за неговите дела е дека тие се истовремено радосни и тажни. Ги прикажуваат најискрените, најнаивните емоции, но раскажуваат и длабоки приказни кои кријат тага. Изгледаат како да се откинати од детските соништа, екстрахирани од фантазијата на возрасните, како сцени од минатото кои сакаме повторно да ги доживееме и идни мигови кои понекогаш нè плашат, но и понатаму ни е предизвик да ни се случат.

Емоциите во цртежите на Ване КостурановЕмоциите во цртежите на Ване КостурановЕмоциите во цртежите на Ване КостурановЕмоциите во цртежите на Ване КостурановЕмоциите во цртежите на Ване КостурановЕмоциите во цртежите на Ване КостурановЕмоциите во цртежите на Ване КостурановЕмоциите во цртежите на Ване КостурановЕмоциите во цртежите на Ване КостурановЕмоциите во цртежите на Ване КостурановЕмоциите во цртежите на Ване КостурановЕмоциите во цртежите на Ване КостурановЕмоциите во цртежите на Ване Костуранов


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар