Секој ден по нешто позитивно

Клубот на уметнички директори од Денвер секоја година организира приредба на која им оддава признание на неколку талентирани студенти кои веќе се истакнале со својата работа на полето на уметноста. Годинава една од наградите ја доби 26-годишниот студент Бади Браво за својата серија од 5 инспиративни постери наречена „Секој ден по нешто позитивно“.

Секој ден по нешто позитивно

Пеј додека се тушираш

За своите постери тој вели дека се обидел да им пренесе оптимизам на гледачите.

„Тоа се огласи. Јас не продавам некаков производ или настан. Наместо тоа, јас ‘продавам’ став или изглед. Мислам дека едноставниот оптимизам може да стигне далеку. Едноставно, ако можеш да направиш нешто позитивно за да се почувствуваш подобро, тогаш можеш тоа да го пренесеш и на другите. Сакам луѓето да се чувствуваат убаво,“ вели Бади Браво.

Секој ден по нешто позитивно

Помирисај ги розите

Секој ден по нешто позитивно

Донирај тоа што имаш

Секој ден по нешто позитивно

Танцувај сам

Секој ден по нешто позитивно

Фати капка дожд



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар