Еко-дом

Како би сакале вашиот дом да биде трансформиран во прекрасен внатрешен зелен лавиринт? Гринворкс е Шведска компанија со необичен профил: тие создаваат уникатен прилагоден простор со зелени ѕидови. Од мобилни растителни панели сè до врамени екрани со светлосни ефекти, оваа идеја може значително да го промени и освежи вашиот простор.Eко домКомпанијата ги обезбедува сите услови за грижа на растенијата: водоснабдување, исхрана, чистење и пресадување со гаранција дека вашите ѕидови ќе бидат секогаш уредни, а просторот здрав за живеење. Ова би било одлично решение за деловна зграда, зар не?Eко домКои се предностите ако имате вакви зелени ѕидови? Воздухот во просторијата ќе биде почист и повлажен, ќе има испарување и звукот ќе биде пригушен. За естетскиот момент не треба ни да коментираме. Вие и вашите пријатели со задоволство ќе уживате во својата кафе пауза меѓу овие живи и зелени ѕидови.Eко домEко домEко домEко домEко домEко домEко домEко дом
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Bojana Reply

    sve e super ova, izgleda sovrseno, no dali ste se zamislile za jaglerod dioksidot sto go ispustaat rastenijata navecer a go primaat kislorodot?! bas i poradi ovaa pricina ne se preporacuva rastenija vo spalnite sobi!

  2. Марија Смокварска Reply

    Несаканите ефекти од CO2 можат да се регулираат со помош на вентилационен систем. Мислам дека на тој начин и во оваа голема шведска компанија го регулира тоа. плус тоа овие зелени ѕидови се наменети за поголеми простоии, ходници и сл. Веројатно не се инсталираат во спалните соби каде што се спие.

Остави коментар