Ѕирнете во најскапиот пентхаус од зградата со најскапи станови во светот

One57 е зграда веднаш до Централ Парк во Њујорк и градба која во себе ги содржи најскапите станови во светот. Еден од нив го држи и рекордот за најскапо продаден стан, откако се најде купувач која плати нешто над 100 милиони долари за него. Зградата е висока 306 метри, односно 90 катови. На првите 39 од нив е сместен хотелот Парк Хајат, а сопствениците на останатите станови можат да ги користат фитнес салите, сауните и сличните погодности од хотелот.

Ѕирнете во еден пентхаус од зградата со најскапи станови во светот

Зградата е сместена покрај Централ Парк во Њујорк

Но и пентхаусот кој следува во галеријата има свој базен, сауна, библиотека и кино. Сместен е на 89-тиот и 90-тиот кат, овозможувајќи прекрасен панорамски поглед над Централ Парк и е токму оној кој го држи споменатиот рекорд. Покрај него има уште неколку слики од други станови кои им припаѓаат на соседите. Разгледајте ја галеријата ако сакате да добиете претстава за тоа како изгледа да се живее во оваа луксузна зграда.

Ѕирнете во еден пентхаус од зградата со најскапи станови во светот

Зградата има надворешен изглед кој потсетува на водопад

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар