Домот на кралицата Мери како минијатурен, куклен дом

Една од работите кои мора да ги посетите кога одите во Виндзор, Англија, е куклениот дом на кралицата Мери. Најголемиот, најубавиот и најпознатиот куклен дом во светот, изграден за кралицата Мери од страна на британскиот архитект Едвин Латјенс помеѓу 1921-та и 1924-та година, што претставува совршена минијатурна реплика на аристократската куќа во која таа живее.

Домот на кралицата Мери како минијатурен, куклен дом

Куќата е исполнета со илјадници минијатурни предмети, направени од водечки уметници, дизајнери и занаетчии. Почнувајќи од самите скали, преку салонот, па сè до трпезаријата, совршено е запазен аристократскиот изглед и внимавано е на секој можен детаљ. Еден од највпечатливите делови од куклениот дом е секако библиотеката, полна со оригинални дела од врвни книжевни имиња од тоа време. Потоа тука се винарската визба и градината, уредена од Гертруда Џекул. Во куклениот дом исто така има и електрична енергија, топла и ладна вода, тоалети и лифтови кои функционираат.

Домот на кралицата Мери како минијатурен, куклен дом

Во една од собите се изложени две исклучителни француски кукли, Френс и Мериен, со дел од нивната богата облека и накит. Истите им биле претставени на кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета, од страна на француската влада, за време на државната посета на Франција во 1938-та, а биле наменети за нивните ќерки, принцезата Елизабета и Маргарет Роуз. Облеката и накитот за куклите биле дизајнирани и направени од водечки париски модни куќи, меѓу кои Ворт, Ланвин, Картиер, Хермес и Витон.

Овој минијатурен, куклен дом вистина вреди да се посети.

Домот на кралицата Мери како минијатурен, куклен дом Домот на кралицата Мери како минијатурен, куклен дом Домот на кралицата Мери како минијатурен, куклен дом


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар