Џиновски килим од цвеќиња

Автор: Александра Чакаровска

На главниот плоштад (Grand Place) во Брисел, Белгија, секоја втора година на површина од 2.000 метри квадратни, се простира неверојатен килим од цвеќиња. Цветниот дизајн, изработен во впечатливи и разнобојни бои, плени со својот уникатен и неверојатен изглед.Џиновски килим од цвеќињаОфицијално, првиот ваков килим е изработен во 1971 година од страна на архитектот Стаутеманс. Поради неговата страст кон цвеќето бегонија, познато по својата издржливост при различни временски прилики, килимите се изработени главно од бегонии. Отприлика околу 700.000 илјади бегонии се употребуваат за секој килим. Поради својата популарност, Стаутеманс изработува вакви килими и во други земји. Но, како што вели тој, нема поубав килим од тој во Брисел, пред сè поради уникатната и стара архитектура на плоштадот, каде што се простира килимот.Џиновски килим од цвеќињаЏиновски килим од цвеќињаКилимот секогаш е различен и има нова тема. Во 2010 година, темата беше славењето на Европската Унија. Планот за изработка се осмислува цела година и обично се состои од повеќе фази. Кога темата и дизајнот се осмислени, илјадници професионални градинари се спремни да го состават килимот за само 4 часа. Без употреба на земја, цвеќињата се редат толку блиску едно до друго на самата каменеста подлога, за да можат да останат прицврстени и да го сочуваат беспрекорниот изглед на килимот.Џиновски килим од цвеќињаЏиновски килим од цвеќињаОваа година, неверојатната атракција од цвеќиња во Брисел можете да ја посетите во периодот од 14 до 19 август. Церемонијата ќе започне на 14 август во 22 часот, со петминутно музичко шоу, придружено со огномети.Џиновски килим од цвеќињаЏиновски килим од цвеќињаЏиновски килим од цвеќињаЏиновски килим од цвеќињаЏиновски килим од цвеќиња


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. dsaas Reply

    GRUJO KE NAPRAVI KILIM 3 PATI POGOLEM OD OVA!!!

Остави коментар