Девојка прави неверојатни фотографии за да ја исполни желбата на нејзиниот болен дедо

25-годишната претприемачка од Кина, Фу Зуевеј неодамна споделила неверојатен серијал со свадбени фотографии кои многу брзо се прославија. Сепак, има неверојатна приказна зад фотографиите на кои нема момче. Единствените луѓе на фотографиите се Фу и нејзиниот 87-годишен дедо.

Девојка прави неверојатни фотографии за да ја исполни желбата на нејзиниот болен дедо

И покрај тоа што немала план да се венча наскоро, Фу одлучила да ја проба венчаницата за нејзиниот дедо. Тој бил тешко болен од минатиот септември, а лекарите изјавиле дека може да умре во секое време. Бидејќи му било страв дека никогаш нема да ја види својата внука на нејзината венчавка, Фу организирала цела фотосесија. Планот бил тајна, па го однела дедо ѝ на редовниот преглед за подоцна да му открие дека ќе одат да се фотографираат.

Девојка прави неверојатни фотографии за да ја исполни желбата на нејзиниот болен дедо

Фу е изгледана од нејзините баба и дедо од 10-годишна возраст кога нејзините родители се развеле. Таа инсистира да се грижи за своите баба и дедо бидејќи многу ѝ значат. Младата девојка дури има и тетоважа со нејзиниот дедо.

Девојка прави неверојатни фотографии за да ја исполни желбата на нејзиниот болен дедо

„Го истетовирав портретот на дедо ми на мојата рака во јануари, бидејќи сакам моите нови пријатели и деца да знаат како тој изгледа.“

Девојка прави неверојатни фотографии за да ја исполни желбата на нејзиниот болен дедо

Таа изјавила дека болеста на дедо ѝ го променила начинот на којшто го гледа животот и дека сака да го цени секој поминат момент.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар