Девојка „облечена“ во фустани нацртани на огледало

„Into the Mirror“ (Во огледалото) е елегантна модна фотосесија со интересен трик. Италијанската фотографка Лука Менегел е креаторот на идејата зад оваа серија, која го искомбинирала реалниот одраз на една девојка во огледалото со рачно нацртани фустани по неговата површина.

Девојка „облечена“ во фустани нацртани на огледало

Едноставно облечена во долна облека со боја на кожа, моделката Насти Багреј го презентира уникатниот моден стил, стоејќи совршено наместена пред сензуално нацртаните фустани и накит во огледалото.

Девојка „облечена“ во фустани нацртани на огледало

Илустрациите нацртани од Норма Нарди се толку успешни, што изгледаат како да се сошиени од различни материјали. Изгребаното и валкано огледало со украсна рамка, само им додава длабочина на креативните илустрации.

Девојка „облечена“ во фустани нацртани на огледало

Комбинирајќи ги сите овие елементи заедно, Менегел создала моќна серија која ја поматува границата помеѓу реалноста и бајките.

Девојка „облечена“ во фустани нацртани на огледало Девојка „облечена“ во фустани нацртани на огледало Девојка „облечена“ во фустани нацртани на огледало Девојка „облечена“ во фустани нацртани на огледало


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар