Детството на две јапонски братчиња

Јапонскиот фотограф и веб-дизајнер Хидеаки Хамада од Осака, ужива фотографирајќи ги неговите љубопитни слатки момчиња Хару и Мина, додека тие го живеат своето безгрижно детство. Овој многу горд татко прави фотографии од неговите деца уште од моментот кога тие пристигнале на овој свет. Постариот син Хару има 5 години, а помладиот Мина, 3 години. Од повеќе причини, тој решил да го документира нивниот живот и да ги сподели нивните лични моменти, со целиот свет.
Детството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчиња

Сакам да правам фотографии од моите деца, за тие да почувствуваат нешто кога ќе пораснат. Овие фотографии во иднина ќе бидат моите малечки подароци за моето семејство.

Детството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчиња

Лично, сметам дека дигиталните фотографии како материјал, се многу покревки во однос на печатените, но онлајн изразувањето нуди безброј можности. Ги поврзува луѓето низ целиот свет.“

Детството на две јапонски братчињаНекои од фотографиите на Хидеаки, биле дел од неговата соло-изложба во галеријата „Синсевел“ во Тајван.Детството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчињаОдамна не сме сретнале татко кој го фотографира детството на неговите деца на толку сладок и оригинален начин. Со сличен тип фотографија се бави и Џејсон Ли, таткото кој прави креативни фотографии од неговите две ќеркички.
Детството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчињаНавистина е прекрасно тоа што еден ваков горд татко, ги споделува скапоцените моменти од детството на неговите синови со светот, потсетувајќи нѐ нас како гледачи, дека треба да останеме љубопитни за животот и да ја продлабочиме почитта во врска со односите кои ги имаме со нашите браќа/сестри.
Детството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчињаДетството на две јапонски братчиња


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар