Црвенокоси божества го заробуваат погледот во фотосесија која ќе ви го одземе здивот

Отсекогаш постоела некоја мистична убавина кај црвенокосите девојки. Уште од дамнешни времиња тие се издвојувале од останатите и ги фасцинирале луѓето околу нив со нивниот изглед. Нивната убавина ја видела и Маја Топчагиќ – фотографка од Босна и Херцеговина која ги инкорпорирала живописните бои и веселите цветови за да им даде нота на божества на девојките од нејзините фотографии.

0-crvenokosi-bozhestva-go-zarobuvaat-pogledot-vo-fotosesija-koja-kje-vi-go-odzeme-zdivot-kafepauza.mk

Црвената е најретката природна боја на коса (1-2% од целото население) па затоа е разбирливо зошто ваквите луѓе ни изгледаат фасцинантно. Генетската мутација која ја создава оваа боја исто така предизвикува и други промени – природните црвенокоси имаат поголема толеранција на болка, анестезијата потешко им дејствува и поосетливи се на ултравиолетово зрачење.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар