Црта портрети со нејзините усни!?

Младата Натали Ајриш ја сака уметноста толку многу, што не може да прекине да ја бакнува. Користејќи ги само нејзините усни обоени со кармин наместо четка, таа креира смели портрети од познати светски икони, како Мерлин Монро и Џими Хендрикс. Оваа девојка од Хјустон, Тексас, ги црта портретите на начин што прво нанесува слој кармин на нејзините усни и потоа ги притиска на платното.Црта портрети со нејзините усни!?Со варирање на притисокот на нејзините усни врз платното, како некој страстен љубовник, Натали ги создава сликите во повеќе различни нијанси од бојата на карминот.Црта портрети со нејзините усни!?Погледнете ја нејзината нежна и романтична техника на работа и немојте да го пропуштите последниот дел од видеото, каде што целото лице ѝ е прекриено со кармин после работа. :)

Пред да започне да црта со нејзините усни, Натали цртала и со отпечатоци од нејзините прсти. Убавиот портрет од Рој Роџерс, го изработила само со нејзините прсти. Г-ца Ајриш научила да црта слики со отпечатоците од нејзините прсти уште додека учела во средно училиште.

Секогаш добро ми одеше со прстите, но бидејќи таа техника е употребувана и од други артисти, никогаш не ја чувствував како своја.

Црта портрети со нејзините усни!?

Една вечер додека се спремав да одам на изложба, ставив малку црвен кармин на устата. Потоа ги притиснав усните на парче хартија и во тој момент ме „удри“ мисла во главата. Почнав да експериментирам со тоа и решив дека Мерлин Монро е совршениот кандидат за портрет со бакнежи.

Натали признава дека нејзините усни многу се изморуваат додека работи и дека поседува многу туби кармини и лабела.Црта портрети со нејзините усни!?Таа исто така вели дека нејзините очи многу се изморуваат од постојаното движење напред кон платното за да го бакне и назад за да провери како изгледа.Црта портрети со нејзините усни!?Црта портрети со нејзините усни!?Портретите нацртани со бакнежи и со прсти, не се единствените видови уметнички дела од Натали Ајриш. Таа изработува и скулптури, вазни и разни модни парчиња, особено чанти.

Немаме информација дали на Натали ѝ „остануваат“ доволно бакнежи за нејзините најсакани. :)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар