Чувствувајте се како на плажа во вашата канцеларија

Доколку некогаш сте се нашле во ситуација да си седите на работа, мечтаејќи во истиот момент да станете од столчето, да избегате на некоја плажа и да си ги брцнете палците од нозете длабоко во песокот, тогаш ова е вашата домашна канцеларија од соништата! Американецот Џастин Кемп успеал да ги спои овие два контрадикторни светови, во еден совршено урамнотежен, креирајќи ја оваа канцеларија т.н. „Surfing With the Sand Between My Toes“ (Сурфајќи со песок помеѓу прстите на моите нозе).

Чувствувајте се како на плажа во вашата канцеларија

Тој се занимава со изработка на видеа, уметност и скулптури и постојано создава нешто уникатно. Опседнат со интернет и со бесконечните информации кои тој ги овозможува, Кемп решил да си ја направи работата позабавна и да ја донесе плажата во неговата дневна соба, изработувајќи кутија со песок, која му е замена за тепих. Секојдневно, тој си ги брца прстињата во мекиот песок и со тоа конечно ја истанчува границата помеѓу работата и забавата.

Песокот релаксира, но за мене тој повеќе претставува симбол за мојот постојан одмор. Тоа е дизајн за животен стил во кој работата станува толку задоволувачка, што одморот и пензионирањето стануваат непосакувани. Тоа е непрекината состојба на кулирање.“ – вели артистот за неговиот изум

Чувствувајте се како на плажа во вашата канцеларија

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар