Човечки раце претворени во животни

Уметникот Гуидо Даниеле е роден во Соверато, Италија, а моментално живее и работи во Милано. Тој имал свои изложби и бил учесник во групни, уште од 1968 година. Во 1972 година, започнал да работи како хиперреалистичен илустратор, притоа соработувајќи со големи маркетинг компании, тестирајќи и експериментирајќи со различни техники на цртање. Во 1990 година тој се запознал со едно, за него, ново уметничко искуство – техниката цртање по човечки тела, при што тој ги црта телата на моделите, а така добиените цртежи се фотографираат и се користат како рекламни материјали, во модни настани и изложби.

Човечки раце претворени во животниЧовечки раце претворени во животни

Оваа неверојатно интересна колекција т.н. „Handimals“ (Hand – рака и Animals – животни) ја започнал кога бил ангажиран од агенција за маркетинг, за да црта животни по голи човечки тела. Благодарение на неговата страст кон уметноста, веднаш добил нова, неверојатно креативна и оригинална идеја.

Човечки раце претворени во животни

 

„Секое животно длабоко го анализирав, за да сфатам како можам да го нацртам на рака и да ја наместам така, за да изгледа како тоа да е живо.“

Човечки раце претворени во животниЧовечки раце претворени во животниЧовечки раце претворени во животни

Првиот „Handimal“ му бил гепардот, кој до ден денес му е омилен.

Човечки раце претворени во животни

 

„Првото дело излезе совршено и тоа ми даде кураж да го комплетирам остатокот од колекцијата.“

Човечки раце претворени во животни

Талентираниот Даниеле најчесто ги употребува рацете на неговиот петнаесетгодишен син и дваесет и двегодишната ќерка, како негово „платно за цртање“.

Човечки раце претворени во животниЧовечки раце претворени во животни

 

„Кога веќе трошам толку многу часови држејќи нечија рака, преферирам таа рака да биде на личност која ја сакам. Нема ништо полошо од работење со некој нервозен, непознат модел, чии раце се тресат.“

Човечки раце претворени во животни

За да нацрта и прилагоди една рака во облик на животно, на Даниеле во просек му се потребни од три до четири часа работа. Но, некои бараат повеќечасовна работа. Така на пример, за да го изработи орелот со раширени крилја, му биле потребни десет часа.

Човечки раце претворени во животни

Даниеле признава дека најтешкиот дел во неговата работа, не претставува самиот процес на цртање по човечки раце, туку тоа што е принуден да гледа како неговите уметнички дела секојдневно исчезнуваат, кога моделот ќе отиде да си ги измие рацете.

Човечки раце претворени во животни

 

„Сè полека се навикнувам на тоа. На крајот на краиштата, секој ден го почнувам со ‘свежо платно’ за цртање.“

Човечки раце претворени во животниЧовечки раце претворени во животниЧовечки раце претворени во животниЧовечки раце претворени во животни

Погледнете ги уметничките дела на Даниеле, изработени за рекламни цели, каде што тој ги сликал рацете, така за да асоцираат на 27 различни земји од светот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Aleksandar Mladenovski Reply

    каква уметност! браос :)

  2. Име Reply

    секоја чест

  3. Мона Reply

    аиии колку е само доброо…ццц :) браво :)

Остави коментар