Чилеанец слика уметнички дела за минута и пол

Сте се запрашале ли што можете да направите за една и пол минута? Чилеанецот Fabian Gaete Maureira само со прстите може да наслика комплетно уметничко дело на обично стакло. Најкомплицираната слика ја работи максимум три минути, а останатите за двојно помалку време.

Чилеанец слика уметнички дела за минута и пол

Неговите дела се навистина малечки, но брзината со која ги изработува е запрепастувачка. Не се работи за апстрактна уметност, туку за прецизни и изразено колоритни пејзажи. Ќе помислите дека е забрзана снимка, но погледнете ја убаво и ќе се уверите дека не сте во право. Вештините на Фабијан и темпото со кое работи, заслужуваат навистина голема почит.

Погледнете го овој редок талент во следното видео:




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. Biba Reply

    Bravo batka :d

Остави коментар