Бушава азбука на англиски

Кога ќе се присетиме на детството, на ограничените ТВ програми и на почетоците на нашето образование, неизбежно е низ сеќавањата да наидеме на „Бушавата азбука“. Со неа ги научивме буквите од нашето писмо, но што е поважно, научивме како нив да ги асоцираме со некои зборови. А – Авијатичар! :)

Бушава азбука на англиски

„The Alphabet 2“ е кратко видео, кое по сè изгледа ја користи оваа идеја, притоа применувајќи разни техники и материјали во мали и големи простори. Создадено од мултидисциплинарното дизајн студио во Италија „n9ve, ова видео ù доделува збор и значење на секоја буква, визуелно презентирајќи го на креативен, и секогаш различен начин. Она што недостасува е изговорот на буквите и зборовите.

Како што се напредни новиве генерации, не е лошо да го зачувате видеово како 32-ра епизода од Бушава азбука.

Да се потсетиме малку и на Бушава азбука… Кое видео е подобро?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Butterfly Reply

    busava azbuka e nezamenliva :)

Остави коментар