Би пиеле ли алкохол од вакви шишиња?

Кога купуваме шише со алкохолен пијалак, го купуваме заради пијалакот што е внатре. Но, овие шишиња ќе ве натераат да ги купите без да ви е гајле каква течност има во нив.

Кристален череп

Вотката сместена во овој кристален череп се произведува во Канада низ многу софистициран процес кој дава пијалак со одличен квалитет. Се филтрира седум пати, а последните три пати низ дијаманти, на кои им се припишуваат некои лековити својства. Едно шише е достапно за нешто над 30 евра.

Би пиеле ли алкохол од вакви шишиња?

Шаховската табла на Џек Дениелс

За 105 евра можете да си купите шаховска табла со која одат фигури полни со виски од брендот Џек Дениелс. Со неа би можеле да одиграте партија шах која не се заборава, освен ако не ги испиете шотовите виски премногу брзо.

Би пиеле ли алкохол од вакви шишиња?

Вотка Калашников

Не само што шишето е многу несекојдневно, туку доаѓа во пакување во кутија наменета за вистинска пушка. Произведени се 13.000 вакви шишиња, а секое чини по 450 долари.

Би пиеле ли алкохол од вакви шишиња?

Медеа

Она што го издвојува ова шише од другите е ЛЕД екранот на кој може да се испишуваат пораки. Чини 45 долари.

Би пиеле ли алкохол од вакви шишиња?

Макалан

Макалан е виски кое е сместено во ова прекрасно шише. Има луксузен изглед, а се појави и во Скајфол, последниот филм од серијалот за Џејмс Бонд.

Би пиеле ли алкохол од вакви шишиња?

Хукри

Овој „нож“ е дизајниран во Непал и е наполнет со рум. Чини 50 долари.

Би пиеле ли алкохол од вакви шишиња?

Абсолут Диско

Ова е шише кое може да ви понуди диско атмосфера без разлика каде ја пиете течноста што е во него. Може да го набавите за 20 долари.

Би пиеле ли алкохол од вакви шишиња?

Самурај

Шишето кое изгледа како да е пресечено на половина од меч на самурај е дизајнирано во Русија и е уште едно во низата прекрасни шишиња за вотка.

Би пиеле ли алкохол од вакви шишиња?

Милагро

Во овој „шише во шише“ дизајн има два пијалака: најголемиот дел е полн со текила Милагро, а трите мали комори содржат созреано сино агаве. Изгледа примамливо, но воопшто не е евтино. Чини 170 долари.

Би пиеле ли алкохол од вакви шишиња?

Смрзнат дух

Шишето содржи холограф од дух кој сака да избега. Инспирирано е од легенда за човек кој го убил својот сосед на некој извор, по што неговиот дух го прогонувал. Наводно денес токму водата од тој извор се користи за производство на вотката.

Би пиеле ли алкохол од вакви шишиња?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар