Бесконечната соба

Бесконечната соба

Преку својата извонредна архитектонска инсталација, францускиот уметник Serge Salat ги повикува посетителите на едно до сега невидено тридимензионално патување, низ бескрајни просторни слоеви, украсени со разни коцкести форми, огледала поделени на панели, како и промена на светлината и музиката. „Beyond Infinity“ претставува едно фантастично мултисензорско, мултимедијално доживување, во кое се помешани источно-кинеската и западната ренесанса. За да ја создаде ваквата оптичка илузија, Serge Salat ги користи огледалата, претворајќи една соба во експлодирачка просторна бесконечност.Бесконечната собаОваа несекојдневна инсталација е спонзорирана од автомобилската компанија „Бјуик“, која ја користела како изложбен салон за своите автомобили. Архитектонското чудо било инсталирано во трговскиот центар Вестгејт во Шангај, од 16 до 18 септември 2011 година.Бесконечната собаСо должина од 10,8 метри, широчина од 12,45 метри и 3,8 метри во висина, оваа структура е целосно затворена. Со челична инфраструктура и алуминиумски панели во форма на саке кои се прекриени со огледала, оваа просторна изманипулирана инсталација има за цел да ги одведе нејзините посетители на едно „мистично патување“.Бесконечната собаДодека посетителите се шетаат внатре во инсталацијата, музиката свири, осветлувањето „пулсира“ и се менува кога луѓето ќе поминат во некое друго ниво во „бесконечниот“ простор. Боите на светлата варираат од виолетово-сина кон бела, а нивното менување, на секоја минута ги имитира ефектите на зората, изгрејсонцето и ноќта.Бесконечната собаПосле Шангај, инсталацијата „Beyond infinity“ ќе патува во Пекинг, Ченгду, Далиен, Шијан, Женгжу и Женшен.Бесконечната собаБесконечната собаБесконечната собаБесконечната соба

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Анастасија Reply

    Многу е голема!
    Вистина е волкава?

Напиши одговор на Анастасија Откажи одговор