Белата куќа во САД, изградена само од песок

Sanding Ovations“ е компанија која има околу 40 години разновидно искуство во изработка на скулптури од песок. Нејзини сопственици се Ден Даблдеј и Мередит Корсон, кои заедно го шетаат светот и градат песочни скулптури за стотици клиенти секоја година. Тие заеднички имаат освоено 15 медали на светски шампионати и имаат победено во секој натпревар на којшто учествувале. Нивните скулптури се прецизно изработени до секој детаљ, во себе кријат емоции, изгледаат неверојатно реално и совршено, а сепак и едноставно.Белата куќа во Сад, изградена само од песокНеодамна, тие изградија неверојатно убава скулптура на Белата куќа во САД, која се наоѓа во одморалиштето Bilmar Beach, во Трежр Ајленд, Флорида. Импресивната скулптура е изработена од 40 тона песок, а биле потребни 6 дена за да се заврши целата работа. Скулптурата ќе биде изложена во Флорида, до 3 септември.Белата куќа во Сад, изградена само од песокБелата куќа во Сад, изградена само од песок

Вратата од Белата куќа ја оставивме отворена, бидејќи не знаеме кој ќе ја преземе работата од јануари, после изборите“ – вели Мередит.

Белата куќа во Сад, изградена само од песокБелата куќа во Сад, изградена само од песок


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар