Бајковитиот свет преку објективот на Ѓорѓи Десподов

Ѓорѓи Десподов е млад фотограф по потекло од Прилеп. Со фотографија професионално започнува да се занимава во 2011, а дружбата со апаратите за првпат ја започнува на 13 години. Инспирацијата ја црпи од музика и книги, а омилени и најинспиративни периоди му се 50-тите и 80-тите години на минатиот век како и бајките на браќата Грим.

3-bajkovitiot-svet-preku-objektivot-na-Gorgi-Despodov-kafepauza.mk

За себе вели дека е љубител на Енди Врохол и поп-арт движењето, без утринско кафе и дружење со убава книга денот не смее да започне, а најмногу ужива во лудориите и времето поминато со пријателите. Денес, зад него има веќе 4 многу успешни изложби, богато портфолио и уште поголема љубов кон апаратот.

1-bajkovitiot-svet-preku-objektivot-na-Gorgi-Despodov-kafepauza.mk

„Планирам да продолжам да се занимавам со фотографија бидејќи сакам да прикажувам интересни приказни, таа ми дозволува да ги изразам моите чувства на необичен начин.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар