Бајковита модна приказна за Runway USA

Со сите фотоманипулации во светот на модата и со претерувањето од секој аспект, некогаш се вистинско освежување фотосесиите каде што акцентот е ставен на креациите, шминката и уметничкото изразување. „Lady owl“ е фотосесија на Ана Бреда за Runway USA која што со сигурност ќе ви го привлече, но и ќе ви го задржи вниманието. Нема да биде лесно да го одвоите погледот од бледата убавица покрај пастелните нијанси или пак наспроти жешко црвените елементи.

Bajkovita-modna-prikazna-za-runway-usa-www.kafepauza.mk



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар