Автопортрети слеани со позадината

Перуанката Сесилија Паредес изработила серија автопортрети, кои се претопуваат со позадините. Со помош на нејзините асистенти, таа на своето тело нацртала цветни дезени, идентични како оние на парчињата облека што ги носи. Такви цртежи се насликани и на предметите и на ѕидовите пред кои се фотографирала. Крајниот производ е импресивен. На некои од фотографиите, едвај може да се забележи нејзиното тело. Тоа како да исчезнува во позадините.

Автопортрети слеани со позадинатаАвтопортрети слеани со позадината

Паредес во моментот живее и работи на релација Сан Хозе, Костарика и Филаделфија. Преку овие автопортрети, Перуанката сака да го долови животот далеку од татковината.

„Темата е релокација, раселување, миграција, после кои морате да се прилагодите, со цел да бидете прифатени, односно да припаѓате таму. Тешко е, но тоа мора да се направи, секако без да го заборавиме нашето потекло“, вели Паредес, која кариерата најпрво ја започнала како класичен сликар.

Автопортрети слеани со позадинатаАвтопортрети слеани со позадинатаАвтопортрети слеани со позадинатаАвтопортрети слеани со позадинатаАвтопортрети слеани со позадинатаАвтопортрети слеани со позадинатаАвтопортрети слеани со позадинатаАвтопортрети слеани со позадинатаАвтопортрети слеани со позадината

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар