Автомобили направени од празни лименки

Автомобилите се составен дел од секојдневието на луѓето, па затоа многу често тие претставуваат инспирација за уметниците и скулпторите. На пример, Сенди Сандерсон, кој живее во Хамилтон, Нов Зеланд, ги собира празните лименки од сокови и пиво и од нив создава фантастични класични автомобили со многу прецизни детали.
Автомобили направени од празни лименкиКога ќе ја погледнете неговата работа, ќе забележите колку Сенди внимава на деталите на неговите мајстории. Суспензијата, ентериерот, моторот, тркалата, па дури и педалите и рачната кочница се направени до перфекција. За изработка на еден автомобил, тој троши од 8 до 30 лименки, а целиот процес на изработка му одзема околу еден месец.
Автомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиПоголемиот дел од неговите автомобили се продаваат, а цените се движат од 472 до 1.537 американски долари. Можеби станува збор за голема сума, но мора да се признае дека тие навистина изгледаат прекрасно.
Автомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименкиАвтомобили направени од празни лименки


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар