Авантурист направил фотографии во ледена пештера на -12° C

Авантурист направил фотографии во ледена пештера на -12° C

Овие воодушевувачки фотографии ја прикажуваат убавината и магијата на ледените пештери, кои лежат длабоко под површината на најголемиот глечер во Европа. Скарфедин Трејнсон го ризикувал неговиот живот за да ги направи овие величествени фотографии на температура од  -12° C под ледникот Ватнајокул во јужен Исланд.Авантурист направил фотографии во ледена пештера на -12° CБрилијантните ледени ѕидови неодамна се срушија врз еден друг фотограф, што значи дека можеле да го убијат г. Трејнсон во секој момент.Авантурист направил фотографии во ледена пештера на -12° CШуплините во ледникот се формираат како резултат на реакцијата помеѓу стопената вода и ледената плоча и тие постојано се движат и ја менуваат формата на пештерата.Авантурист направил фотографии во ледена пештера на -12° CВатнајокул е голем 3.100 километри квадратни и покрива 8% од површината на Исланд. Неговата просечна дебелина изнесува 400 метри, а под неговата површина има седум активни вулкани, вклучително и вулакнот Гримшвот кој еруптирал во 1996, 1998 и 2004 година.Авантурист направил фотографии во ледена пештера на -12° CТриесет и деветгодишниот г. Трејнсон, кој покрај тоа што се занимава со фотографија, работи и како машински инженер вели:

„Има многу ледени пештери во исландските глечери на јужниот брег од Исланд, како и во планините. Големината и формацијата на ледниците се менува секое лето, кога се топи најголемиот дел од нивната површина. Овие две пештери кои ги има на фотографиите се околу четири метри високи и десет метри долги. Влегувањето во ледените пештери е опасно, поради фактот дека мразот може да се сруши во секој момент.

Неодамна се случи трагедија, кога фотограф загина додека ги истражуваше глечерите во Исланд и на луѓето им се препорачува никогаш да не шетаат низ нив сами. Од безбедносни причини не му препорачувам на никој да влегува во глечерите без локален водич. Најбезбедниот начин да се влезе во нив, е во најстудениот зимски период од годината, кога има помали шанси да се сруши мразот врз вашата глава. Јас ги направив овие фотографии во декември.“

Авантурист направил фотографии во ледена пештера на -12° C


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Димитар Reply

    Како е можно да биде -120° C, кога најниска измерена тепература на земјава е -189° C? Проверете ги фактите. Не е ни -120 F, туку биле 6° C. Еве ви друга статија, проверете http://www.flickr.com/photos/skarpi/6648093071/.

    • Кафе пауза Reply

      Ти благодариме Димитар за укажувањето. Информацијата изворно беше објавена на светски познат медиум, па во наша одбрана, не се посомневавме во релевантноста, наспроти логиката и досега познатите факти.

      Почекавме да добиеме потврда лично од авторот на фотографиите, па информацијата е сега коригирана.

      Тимот на Кафе пауза ви се извинува за пропустот и ви се заблагодарува за поддршката и разбирањето.

Напиши одговор на Димитар Откажи одговор