Артистка со помош на боја за тело маестрално ги трансформира луѓето во животни

Поголемиот дел од луѓето ја користат шминката со цел да бидат забележани, но артистката Шенон Холт ја носи оваа идеја во сосема нова насока. Таа го користи човечкото тело како платно за цртање на нејзините прекрасни и елегантни цртежи со животни.

„Вие слушате песна која некогаш сте ја живееле и потоа го имате она убаво доживување, сеќавање за кое имате снимен потсетник. Цртањето на телото е исто. Тоа e нешто што е најблиску до уметничката форма на музиката која постои“, вели таа за својата работа.

Артистка со помош на боја за тело маестрално ги трансформира луѓето во животни

Холт има разновидно искуство во светот на уметноста, цртајќи на најразлични површини, почнувајќи од платно и хартија, па сè до дрво и метал. Таа вели дека барала различни површини на кои може да работи и токму тоа ја довело до цртањето на човековата кожа. Погледнете дел од нејзината прекрасна работа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар