Артистка изработува накит од проѕирни ткаенини, инспириран од морските убавини

Сосема е разбирливо доколку помислите дека предметите во овие фотографии се всушност некој вид морски суштества или типови организми кои живеат на некои други планети. Но, и покрај нивниот вонземјански изглед, тие се форма на деликатен накит изработен од рацете на јапонската артистка Марико Кусумото.

Артистка изработува накит од проѕирни ткаенини, инспириран од морските убавини

Кусумото живее во Масачусетс и секојдневно ги изработува нејзините неверојатни парчиња накит, загревајќи проѕирни ткаенини додека не ја добие посакуваната форма. Фундаменталната едноставност на целиот процес создава еден прекрасен контраст со нејзините често сложени дизајни, со цел да произведе парадокс кој е истовремено и магичен и привлечен.

„Мојата работа рефлектира различни, набљудувачки феномени кои го стимулираат мојот мозок и моите сетила, тие можат да бидат или природни или вештачки произведени. Јас ги реорганизирам во нова презентација која може да се опише како надреална, забавна, грациозна или неочекувана“, вели Марико.

Погледнете дел од нејзините фантастични креации.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар