Артист си поиграл со законите на архитектурата

Ова е надреална инсталација на британскиот артист и проектант Алекс Чинек, на која изгледа како фасадата од тули лоцирана во Маргејт, Англија, да се слизнала надолу. Впечатливото уметничко дело, за кое на Чинек му било потребно една година за да го реализира, е всушност реконструкција на четворокатно живеалиште, кое било напуштено пред 11 години. Тој ја сменил предната фасада со нова, која извиено продолжува надоле. На тој начин е добиен креативен, надреален објект на кој влезната врата доаѓа нормално, во однос на редот прозорци.Артист си поиграл со законите на архитектуратаАртист си поиграл со законите на архитектуратаЛондонскиот артист си поиграл со архитектурата на зградата уништена од пожар и вода, откривајќи ја нејзината раздробена состојба на врвот, каде што личи дека фасадата премногу се слизнала, за да може да го покрие тој дел. Невообичаената инсталација претставува неизбежно изненадување за локалните жители, кои се оставени да шпекулираат што се случило со објектот, бидејќи Чинек не сака да става знаци или какви било индикации дека станува зборува за манупилирано уметничко дело.Артист си поиграл со законите на архитектурата Артист си поиграл со законите на архитектурата

Во интервју за магазинот „Dezeen“ тој рекол „Јас едноставно чувствувам неверојатна желба да создавам спектакли. Сакав да креирам нешто кое ќе биде сочинето од едноставни животни задоволства како што се хуморот, илузијата и драмата и да направам уметност која ќе биде разбрана и уживана од страна на секој минувач.“

Артист си поиграл со законите на архитектуратаНеобичната зграда на Чинек ќе биде презентирана до наредната година, сè додека не се закаже датум за реконструкција, со цел да се пренамени за домување.Артист си поиграл со законите на архитектурата Артист си поиграл со законите на архитектурата


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар