Артист ги претставува менталните заболувања и нарушувања со помош на архитектурата

ARCHIATRIC е проект и истражување од страна на артистот Федерико Бабина, кој со помош на архитектурата ги интерпретира менталните заболувања и нарушување. Концептот, цртежите и анимациите се создадени од овој талентиран артист, додека пак, музиката во видеото е од Елисабет Распал.

(1) Артист ги претставува менталните заболувања и нарушувања со помош на архитектурата

„Со оваа серија илустрации, се обидувам да направам апстрактна вежба така што преведувам од еден јазик во друг. Многу е вистина дека архитектурата и просторите во кои живееме влијаат на нашето однесување и психопатологијата. Не сакам да ставам романтична аура околу непријатноста и страдањето создадено од менталните болести, туку да ги разрушам предрасудите и негативните ставови со кои овие патологии многу често се среќаваат“, вели Бабина за својата работа.

Погледнете го видеото, како и сликите што совршено ја отсликуваат самата психолошка состојба и борбата низ која минува оној кој страда од неа…

Анксиозност

Анксиозност

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар