Академијата L’oreal

Автор: Марија Смокварска

Група на добро обучени архитекти од архитектонското студио за дизајн m2r, користејќи ја нивната фантазија ја создале оваа исклучителна мултифункционална средина за L’oreal, којашто преку семинари и други слични активности, обезбедува дополнителна обука за стилисти и фризери.Академијата L’orealАкадемијата L’orealПроектот е реализиран во Киев. Најпрво, како за место за инспирација, архитектите се одлучиле за различни материјали при изградбата како на пример стакло, челик и коријан. Многу од вентилационите окна како и рафтовите за осветлување се изложени, па така целокупната атмосфера дава впечаток на прекрасен галерија-стан или едноставно, сет-ап за модно шоу.Академијата L’orealАкадемијата L’orealПрозорците кои се наоѓаат на јужниот дел од објектот дозволуваат огромен прилив на дневна светлина што е особено важно за стилистите при бојадисувањето на косата. Поголемиот дел од внатрешноста е обложен со огледала што ја даваат илузијата на поголем простор.Академијата L’orealАкадемијата L’orealТука сè е во знакот на високата мода и козметиката почнувајќи од фоајето, конференциските сали, па дури и самиот влез.Академијата L’orealАкадемијата L’orealГолемите светли ѕидови, модните постери и пенливите продукти му даваат еден посебен шмек на ова место кое без сомнеж е пријатно за работење.Академијата L’oreal

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар