89-годишна баба прави неверојатни и забавни автопортрети

Многумина сметаат дека технологијата е само за младите. Но, изгледа никој не ѝ го кажал ова на Кимико Нишимото. Кимико е 89-годишна баба од Јапонија која самата се фотографира и ги уредува своите фотографии веќе 17 години. Како што можете да забележите од фотографиите, таа е навистина креативна.

(1)89-godishna-baba-koja-pravi-neverojatni-avtoportreti-kafepauza.mk

Кимико не била заинтересирана за фотографирање сè додека не наполнила 72 години. Нејзиниот син држел почетен курс за фотографија, па таа решила да се пријави. Притоа не била свесна дека овој курс ќе ги разбуди страста и талентот во неа кои не ни знаела дека ги поседува. Таа веднаш почнала да се занимава со фотографија и почнала да прави навистина комични автопортрети. Првата изложба ја одржала 10 години подоцна во локален музеј во нејзиниот град. Сега Кимико се подготвува за изложба во галеријата Епсон во Токио. Изложбата е насловена „Asobokanne“, што во превод значи „Ајде да си играме“. На изложбата ќе бидат објавени досега невидени фотографии од Кимико. Па ако случајно сте во Токио помеѓу 15-ти декември и 18-ти јануари, посетете ја неверојатна изложба. Мислите дека сте премногу стари за да започнете нешто ново? Размислете повторно.

(2)89-godishna-baba-koja-pravi-neverojatni-avtoportreti-kafepauza.mk

(3)89-godishna-baba-koja-pravi-neverojatni-avtoportreti-kafepauza.mk

(4)89-godishna-baba-koja-pravi-neverojatni-avtoportreti-kafepauza.mk

(5)89-godishna-baba-koja-pravi-neverojatni-avtoportreti-kafepauza.mk

(6)89-godishna-baba-koja-pravi-neverojatni-avtoportreti-kafepauza.mk

Фотографиите продолжуваат на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар